24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанските банки успешно го тестираа усогласувањето на податоците преку блокчеин

Италијанските банки успешно го тестираа усогласувањето на податоците преку блокчеин

Италијанското банкарско здружение (ABI) во текот на целата година успешно обработи податоци за усогласување на локалното банкарско работење на блокчеин платформата.

Здружението најави успешен тест на системот Spunta во соопштението за медиумите, објавено на 12-ти октомври. Успешниот рамковен тест за прв пат го објавија италијанските медиуми кон крајот на септември, иако со малку детали.

Сега ABI открива дека во тестот се евидентирани 200 милиони податоци обработени од блокчеин системот за банкарско ускладување, ефикасно симулирајќи ја една година италијанската банкарска активност.

Успешниот тест, наводно, ја демонстрира одржливоста на процесот на верификација и самата платформа.

Податоците на платформата се воведени преку 35 нодови дистрибуирани низ цела Италија. Осумнаесет италијански банки, кои сочинуваат 78 проценти од банкарската работна сила во земјата се дел од проектот.

Неодамна изменетата банкарска спогодба, како што е објавено, ќе овозможи системот да се спроведе до 1 март 2020 година. Како што објави Cointelegraph, ABI е првиот што ја објави намерата да примени блокчеин технологија.

Spunta проектот е координиран од истражувачката организација на здружението, ABI Lab со компанијата за системска интеграција NTT Data, децентрализирана платформа за чување на податоци Sia и фирмата R3 со својата Corda мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП