Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,990.32 0.39%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Бизнисот доби од Министерството за финансии онлајн-платформа за иницијативи

Време: 11:13

Датум: октомври 15, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии креираше онлајн-платформа преку која стопанските комори, фирмите и други правни субјекти и организации ќе можат да даваат предлози за решавање на проблеми со кои се соочуваат, а се во надлежност на Министерството. Ова е реализација на ветувањето на министерката за финансии Нина Ангеловска што минатата недела им го даде на компаниите на средбата во Стопанската комора и е во насока на побрзо решавање на предизвиците со кои се соочува бизнисот и подобрување на бизнис окружувањето.

– Вашите барања може да ги преточите во онлајн-платформа, а Министерството за финансии детално да ги разгледа, да ги доработи и да излезе со конкретен одговор кога и како би можело да се реализираат. Владата мора да биде партнер на реалниот сектор ако сакаме да расте економијата, затоа што тој ги знае проблемите, а нашата задача и моја лична заложба ќе биде да му се олесни патот на реалниот сектор – им рече Ангеловска на средбата во Комора.

Министерството за финансии, со цел да обезбеди ефикасен и унифициран пристап во јавно-приватниот дијалог со компаниите, го искористи прашалникот креиран во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, чиј дел се четирите стопански комори.

Во онлајн-платформата компанијата-предлагач на иницијатива, освен идентификација на проблемот и кус опис на моменталните околности, внесува и за кој сектор се однесува, како проблемот влијае врз конкурентноста, работењето и правната усогласеност на компаниите, какви се негативните финансиски импликации од него, со кои прописи е регулиран и кои државни институции се вклучени во негово решавање. Во онлајн-платформата, компаниите треба да внесат и како проблемот е регулиран во други држави, како неговото решавање ќе ја подобри конкурентноста на компаниите и кои други квалитативни и квантитативни резултати ќе ги има, какви ќе бидат неговите фискални импликации и кои се предлог-решенијата на конкретниот проблем.

Онлајн-платформата е достапна на веб страната на Министерството за финансии.

Министерството за финансии останува отворено за сите предлози кои доаѓаат од бизнис секторот да ги дискутира заеднички на состаноци, кои ќе ги остварува со приватниот сектор со редовна динамика.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

    Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

    Извештајот објавен во “Melbourne Institute Worker Paper”, покажа дека постарите од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена или помалку. Истражувањето е спроведено на…

  • Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди…

  • Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Повеќе од 515 илјади барања за азил биле доставени до земјите-членки на ЕУ во текот на првите девет месеци од тековната година, скоро 10% повеќе…

  • Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Претставници на владите на Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина (БИХ) и на Србија се состанаа денес во Скопје на регионалната конференција за Управување со…

  • Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш, се одржа конференцијата Европски ден…

  • Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Француското национално собрание денеска на пленарна сесија го изгласа законот за ратификација на Протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јавува дописникот на МИА.…

  • Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германија донесе ново законодавство кое ќе го присили Apple да го отвори својот мобилен платен систем на ривалите даватели на услуги. Банките во Германија и соседна…

  • Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето…

  • Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Организаторите на саемот за авијација во кинескиот град Нанчанг на посетителите им подарија уникатен спектакл … Бидејќи тие стануваат се повеќе распространети последниве години и…

  • Сончево со умерена облачност

    Сончево со умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се движи од нула до 10 степени, а…