ЕКОНОМИЈА

Како го запозна поголемиот дел од македонската јавност заменик министерот за здравство Асим Муса (видео)

Албанската телевизија “Top Channel” објави видео на кое е снимен македонскиот заменик министер за здравство, Асим Муса како прима мито.

Од она што може да се види на снимката е како Муса се пазари со новинарот, кој се преставува како пациент. Најпрвин тој му бара 1.000 евра за оперативниот зафат, а потоа како аванс прима 50 евра.

По нивната средба во Институтот за нефрологија во Струга, заменик министерот и „пациентот“ се договараат кога да биде извршена операцијата.

Лични информации

Националност: Албанец

Датум на раѓање: 21.10.1965г

 Професионални квалификации/ работно искуство

 Во периодот од септември 1995г до декември 1998г – општ лекар во поликлиника во с.Велешта, Струга

-Од декември 1998г до март 2002г, вработен во Регионален завод за нефрологија – Струга

-Во периодот од мај 2006г до август 2017г- уролог хирург во уролошкото одделение при Заводот за нефрологија – Струга

-Од 15 ноември 2015г- до 04 август 2017г извршува функција директор на Заводот за нефрологија –Струга

-Од август 2017г – мај 2018г бил ВД.директор на општата болница –Струга

-Во јуни 2018г назначен и до денес ја извршува функцијата заменик министер за здравство

Оброзование и обука

Од 1980 до 1984 – Општа гимназија СОУ ‘’Нико Нестор’’- Струга

1994 – Медицински факултет при Универзитетот ’’ Св.Кирил и Методиј’’ – Скопје

април 2002 – април 2007 – специјализант на Клиника за урологија – Скопје

Престој во два наврати по два месеци во Словенија, 2009 и 2011 во познатиот регионален центар за ендоскопска урологија.

Познавање јазици

Мајчин јазик – Албански

Останати јазици – Македонски, Англиски и Француски