26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и понатаму најзадолжена во ЕУ, но инвеститорите мислат поинаку

Грција и понатаму најзадолжена во ЕУ, но инвеститорите мислат поинаку

Грчката влада продаде тримесечни државни записи во вредност од 487,5 милиони евра со каматна стапка од минус 0,02 проценти, што е прв пат инвеститорите да и плаќаат на Атина за тоа што и позајмуваат пари.

Емисијата е реализирана минатата недела, објави CNN, проценувајќи дека ова е драматичен пресврт за земјата на која и беше потребен најголемиот пакет помош во историјата и чиј долг во еден момент надмина 180 проценти од бруто домашниот производ.

Така, клубот на држави кои се задолжуваат со негативна камата доби уште еден нов член, кој до пред четири години беше незамислив.

Трендот на поповолно задолжување се прелева и на долгорочните хартии од вредност, со оглед на фактот дека на почетокот на минатата недела Грција издаде 10-годишна обврзница вредна 1,5 милијарди евра која на инвеститорите им носи принос од само 1,5 проценти.

Сето ова е голем пресврт во однос на 2012 година, кога приносот на 10-годишната грчка обврзница достигна дури 24 проценти, со оглед дека и беше потребен најголемиот пакет финансиска помош во историјата.

Грција добил 204 милијарди евра од европските влади и Меѓународниот монетарен фонд во последните осум години.

За возврат за добивање заеми, владата во Атина ги намали трошоците, гo намали бројот на државни службеници за 25 проценти и ги намали платите во јавниот сектор за 30 проценти. Приватната потрошувачка се намали, а невработеноста се зголеми. БДП на Грција опадна за околу една четвртина. Сега се чини дека болните реформи вродија со плод.

Додека повеќето водечки европски економии оваа година се на работ на рецесија, грчкиот БДП би требало да порасне за 2,1 проценти, а следната година да забрза на 2,8 проценти.

Меѓутоа, Грција и понатаму е најзадолжената држава во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП