18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците тврдат: Потиснување на тагата и лутината доведува до овие болести

Научниците тврдат: Потиснување на тагата и лутината доведува до овие болести

Многу луѓе мислат дека понекогаш во животот е подобро да премолчат отколку да влегуваат во конфликт. Меѓутоа, една студија покажа дека тоа остава штетни последици врз нашето здравје.

Истражувањето претставено во Чикаго анализирало 304 жени, со ултразвук на нивните артерии, но и како тие се однесуваат во интимни односи.

Резултатите покажаа дека потиснувањето на емоциите значително влијае на здравјето на срцето и создава голем број други потешкотии. Исто така, стресот се акумулира, а со текот на времето може да дојде и до агресија или депресија.

Чувањето на сите чувства во себе поради избегнување на конфликт значително влијае и на кардиоваскуларните компликации. Луѓето кои го сториле тоа имале здебелена област што се собира на ѕидовите во главните артерии, што го зголемува ризикот од мозочен удар или предизвикува други проблеми.

Психотерапевтот Емили Робертс ги открива сите негативни последици од поттиснувањето на негативните емоции.

– Секогаш кога чувствувате лутина, фрустрација или тага, а ги потиснувате, му правите стрес на своето тело. Тогаш може да се дојде до високо ниво на хормонот на стрес, а тоа доведува до намален имунитет и лошо размислување. Со текот на времето стресот доведува и до дијабетес, проблеми со памтењето, агресија и депресија – вели таа и додава:

Кога се обидувате да ги поттиснете своите чувства или ги игнорирате создавате се поголем стрес на телото кое подоцна се манифестира во форма на разни болести“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП