19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсетливи на глобалните нарушувања во трговијата: Сингапур за влакно избегна техничка рецесија

Осетливи на глобалните нарушувања во трговијата: Сингапур за влакно избегна техничка рецесија

Економијата на Сингапур, која многумина сметаат дека е предводник на глобалниот раст, избегна техничка рецесија.

Имено, економијата на земјата во третиот квартал од 2019 година порасна за 0,6 проценти во однос на претходните три месеци.

Економска експанзија на квартална основа означи пресврт по ревидираните податоци за падот од 2,7 проценти во периодот од април-јуни, покажаа денеска официјалните првични проценки од Министерството за трговија и индустрија.

На годишно ниво, економијата на Сингапур во третиот квартал порасна за 0,1 проценти, објави агенцијата Reuters.

Најновите бројки за раст се под очекувањата на економистите кои во анкетата на британската агенција предвидоа раст на бруто домашниот производ на Сингапур во тримесечјето јули-септември од 1,5 проценти на квартално ниво и од 0,3 проценти на годишно ниво.

Техничка рецесија се јавува кога за време на два последователни квартали забележан е економски пад. Бруто домашниот производ на Сингапур е многу зависен од трговијата, така што е многу чувствителен на глобалните трговски текови и деловните циклуси. Многу економии каде производството и трговската активност забележаа умерен раст како резултат на трговската војна САД-Кина, беа поддржани од приватната потрошувачка. Меѓутоа, во Сингапур се подеднакво погодени и производството и услужната индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП