Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,990.32 0.39%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Ангеловска: Со сет мерки против нерегистрираната е-трговија

Време: 15:47

Датум: октомври 14, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките и технолошко поврзување на електронските продавници со Управата за јавни приходи, ќе се подобри контролата во дигиталната трговија. Исто така, ќе се отвори е-платформа на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите оние кои вршат нерегистрирана е-трговија. Ова беа дел од заклучоците на работната средба во организација на Министерството за финансии и Асоцијацијата за е-трговија за сузбивање на сивата економија, на која присуствуваа министерката за финансии Нина Ангеловска, како и директорите на царинската, даночната управа и финансиската полиција – Ѓоко Танaсоски, Сања Лукаревска и Арафат Муареми, како и преставници на бизнис секторот.

Ангеловска рече дека ќе следат засилени контроли кај оние субјекти кои воопшто не се регистрирани, како и дека ќе се изработи акциски план во кој ќе се дефинираат сите чекори за да се испорачаат максимални резултати, за што има поддршка и од Германското друштво за интернационална соработка (ГИС).

Министерката за финансии рече дека со мерките кои ќе се преземаат ќе се заштитат оние компании кои работат легално и плаќаат давачки, но ќе се заштитат и интересите на потрошувачите.

-Кога зборуваме за нерегистрирана дејност, потребен ни е холистички пристап – Владата да биде партнер со бизнисот, но и самите институции да се поврзат меѓу себе. Затоа ќе формираме работна група на оваа тема. Затоа што производите влегуваат на пазарот има некој кој ги продава нерегистрирано, на социјални мрежи. На крајот го имате купувачот кој му е испорачан производот за кој не добива фискална сметка. Ако не е задоволен поднесува жалба до Државниот пазарен инспекторат, но оттаму му велат дека не можат да постапат по Законот за заштита на потрошувачи бидејќи немаат фискална сметка.-рече Ангеловска.

Директорката на Управата за јавни приходи рече дека со проектот МојДДВ пријавите против случаи од сивата економија се зголемиле за 100% на дневна основа во однос на лани. Таа посочи дека Управата врши редовни контроли и дека работи на сузбивање на сивата економија.

Согласно најновите податоци од Асоцијацијата за електронска трговија обемот на плаќање со картички кај електронски продавници пораснал за 26%, односно изнесува 86 милиони евра во првото полугодие од годинава. Од друга страна во легалната електронска трговија плаќањето на врата учествува со 70%-80%. Министерката посочи дека овие бројки покажуваат дека електронската трговија е во пораст. Субјектите кои работат надвор од системот се проценуваат на околу 30%. Со решавање на сивата економија освен подобрување на приходите во државната каса, ќе се подобрат условите за работа за оние компании кои работат според законот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонија vs регионот – помал избор и поголеми цени за облеката и електрониката

    Македонија vs регионот – помал избор и поголеми цени за облеката и електрониката

    Ист бренд и ист модел, а различна цена. Најголем дел од производите кои се нудат во македонските продавници се поскапи во споредба со регионот. Ова…

  • Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

    Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

    Извештајот објавен во “Melbourne Institute Worker Paper”, покажа дека постарите од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена или помалку. Истражувањето е спроведено на…

  • Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди…

  • Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Повеќе од 515 илјади барања за азил биле доставени до земјите-членки на ЕУ во текот на првите девет месеци од тековната година, скоро 10% повеќе…

  • Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Претставници на владите на Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина (БИХ) и на Србија се состанаа денес во Скопје на регионалната конференција за Управување со…

  • Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш, се одржа конференцијата Европски ден…

  • Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Француското национално собрание денеска на пленарна сесија го изгласа законот за ратификација на Протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јавува дописникот на МИА.…

  • Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германија донесе ново законодавство кое ќе го присили Apple да го отвори својот мобилен платен систем на ривалите даватели на услуги. Банките во Германија и соседна…

  • Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето…

  • Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Организаторите на саемот за авијација во кинескиот град Нанчанг на посетителите им подарија уникатен спектакл … Бидејќи тие стануваат се повеќе распространети последниве години и…