8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ му дава 5,3 милијарди долари на Пакистан

ММФ му дава 5,3 милијарди долари на Пакистан

dolari1

ММФ и официјален Исламабад постигнаа договор за пакет помош за Пакистан во вредност од 5,3 милијарди долари.

Целта на овој пакет помош е спречување на економската криза во таа земја, чии девизни резерви потонаа на опасно ниско ниво, соопштија официјалните лица во таа земја.

Најновиот договор би требало да ги смири стравувањата од финансиската нестабилност во Пакистан, земја со 180 милиони жители, која има нуклеарно оружје, и на која САД се потпира во голема мера во својата борба против исламските милитанти, пренесува агенцијата АП.

Овој договор доаѓа шест години по последниот пакет на Пакистан со ММФ.

Претходната влада во Пакистан не успеа да исполни голем дел од условите поставени во рамките на претходниот кредит, меѓу кои беше намалувањето на дефицитот и повисоки приходи од даноците, што предизвика новата влада, која на власт дојде на почетокот на јуни, да ги предводи тешките преговори со ММФ, во кои настојува да ги убеди меѓународните институции дека овој пат ќе биде поинаку.

Шефот на мисијата на ММФ во Пакистан, Џефри Френкс, изјави дека оваа институција нема да ја казнува земјата поради неуспехот на претходното раководство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП