27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон на 6 ноември ќе го претстави првиот буџет по Брегзит

Лондон на 6 ноември ќе го претстави првиот буџет по Брегзит

Британскиот министер за финансии Саџид Џавид објави денеска дека на 6-ти ноември ќе го претстави „првиот буџет по излегувањето на Британија од Европската унија“.

„Ќе го откријам нашиот план за обликување на економијата за во иднина и ќе го започнам почетокот на нашата инфраструктурна револуција“, се вели во соопштението на Џавид.

Буџетот кој ќе биде претставен во ноември ќе биде и првиот за владата, која на власт дојде во јули.

Британската влада има намера да го финализира на 31 октомври престанокот со Европската унија, под ризик од Брегзит без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП