26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се минималните плати во регионот

Колкави се минималните плати во регионот

Најниска минимална плата во земјите од регионот добиваат вработените во нашата земја, 203 евра.

Според најновите расположливи податоци, минимaлецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора од неодамна се зголеми на 222 евра.

Во Србија, најниската плата во моментов изнесува околу 230 евра, но следната година се очекува да се зголеми за 11 проценти, така што од први јануари ќе се зголеми на 255 евра.

Поранешните југословенски републики кои добија членство во Европската Унија, како Хрватска и Словенија, имаат значително повисоки минимални плати.

Хрватските работници, можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималецот значително ја надминува просечната плата во повеќето земји во регионот со износ од 667 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП