26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го разгледува воведувањето евра и рубљи како главна валута во извозот...

Русија го разгледува воведувањето евра и рубљи како главна валута во извозот на енергенси

Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на евра и рубљи како главни валути во извозот на енергенси, со што би се намалила зависноста од американскиот долар.

„Ние имаме многу добра валута, таа е стабилна. Зошто да не ја користиме за глобални трансакции?“, изјави Орешкин во интервју за Financial Times.

Тој изјави дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да се изведува во рубљи.

„Главното прашање овде е да се избегнат преголемите трошоци од таквиот начин на работење, но ако осмислитете широки финансиски инфраструктури, ако почетните трошоци се ниски, тогаш зошто да не?“, праша Орескин.

Русија се обидува да ја намали својата изложеност кон САД преку политика на „де-доларизација“ како би ги ублажила последиците од американските санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП