19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанцеларката одлучи: Германија ќе ја одобри 5G мрежната опрема на Huawei

Канцеларката одлучи: Германија ќе ја одобри 5G мрежната опрема на Huawei

Германската влада ќе им дозволи на Huawei да ја продаваат својата опрема за 5G мрежa во земјата, објави денес Handelsblatt.

Весникот се повикува на нацрт предлогот за безбедноста на мрежните телекомуникации, имено се верува дека првично во тој документ Huawei бил забранет, но извори од владата тврдат дека канцеларката Ангела Меркел била загрижена за тоа какви би биле последиците за врските на Германија со Кина и побара забраната да се отстрани.

Се вели дека коалициските партнери на Ангела Меркел биле против таквите одлуки и побарале да се забрани Huawei 5 мрежата во Германија.

Кинескиот технолошки гигант е на црната листа од страна на САД поради загриженоста на Америка за националната безбедност, иако кинеската компанија ги негираше врските со владата во Пекинг.

Oдлуката на Германија за која се очекува да биде официјално објавена оваа недела, доаѓа откако ЕУ го комплетираше извештајот за ризици која ја носи 5G мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП