3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБизнис групно животно осигурување достапно во Винер Лајф

Бизнис групно животно осигурување достапно во Винер Лајф

biznistim

Винер животно осигурување го прошири своето портфолио со новиот Бизнис Тим производ наменет за група вработени лица во различни компании и сектори. Станува збор за групно осигурување кои нуди голем број на предности во однос на колективното осигурување.

„Дел од нашата развојна стратегија е проширување на нашето портфолиото и понуда на единствени продукти кои се наменети за различна целна публика. Со бизнис тим продуктот нудиме поволен пакет за група вработени лица, кои освен што се осигуруваат истовремено и  заштедуваат така што   вложените средства се добиваат назад, зголемени за припишаната добивка – изјави Дарко Дедиќ член на Управниот одбор на Винер животно осигурување

Бизнис Тим производот се однесува за групно осигурување за најмалку 10 осигуреници. Минималната годишна уплата изнесува 96 евра, односно 9 евра на месечно ниво. Овој продукт може да се користи и како мотивирачка компонента, за клучните лица  во компанија за да им се обезбеди награда за лојалност, бонус за добро работење.

Бизнис Тим производот има штедна компонента за разлика од колективното осигурување. Со новиот производ уплатените средства секогаш се враќаат назад и се обезбедува лојалност од 5 или повеќе години.

Пазарните услови диктираат потреба од постојани промени, анализи и истражувања. Винер животно осигурување продолжува со проширување на својата линија на производи, со цел задоволување на потребите на клиентите, и понуда на конкурентни уникатни пакети достапни за сите постојани и потенцијални осигуреници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП