19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПосле две недели пад, повторно пораснаа цените на нафтата

После две недели пад, повторно пораснаа цените на нафтата

Цената на нафтата на светските пазари минатата недела се зголеми за повеќе од 3,5 проценти, по две недели пад, најмногу поради нападот на иранскиот танкер поради што дополнително ги засили тензиите помеѓу Иран и Саудиска Арабија.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се зголеми за 3,7 проценти, на 60,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 3,6 проценти, на 54,70 долари.

Во текот на изминатата недела, цените беа во тесен опсег, скокајќи околу 2 проценти во петокот по веста за ракетен напад врз ирански танкер во близина на саудиското пристаниште Џеда во Црвеното Море.

„На пазарот сè уште се сеќаваат на нападите во Саудиска Арабија и последователните многу ненадејни промени во цените. Кога станува збор за цените, влијанието (нападот) е ограничен освен ако Иран не возврати во теснецот Хормуз…  Така би можело да ги зголеми премиите за осигурување (танкери)“, вели Оливер Јаков, аналитичар во компанијата PetroMatrix.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП