
Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во северните делови. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти меѓу 7 и 16, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

