18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонкошката берза ја повлече понудата за превземање на Лондонската берза

Хонкошката берза ја повлече понудата за превземање на Лондонската берза

Хонкошката берза HKEX ја повлече 39 милијарди долари вредната понуда за превземање на Лондонската берза (LSE).

Како образложение се наведува не успеала да ја добие поддршката на раководството на LSE за таквиот потег со кој би се трансформирале двата глобални гиганти во секторот давање финансиски услуги, објави агенцијата Reuters.

Условот за преземање беше LSE да се откаже од планираното спојување со американската компанија за обработка на податоци Refinitiv.

Лондонската берза ја одби понудата со образложение дека значително ја потценува нејзината вредност, објави BBC.

HKEX ја повлече понудата еден ден пред да ги претстави конкретните услови за преземање на LSE. Спојувањето би било „стратешки оправдана одлука“ и ќе создаде глобален лидер на подрачјето на пазарната инфраструктура, посочуваат од HKEX, додавајќи дека тие се откажале од понудата во интерес на акционерите.

Понудата временски се совпадна со антивладините протести во Хонг Конг, потсетува Reuters, повикувајќи се на толкувањето на аналитичарите дека од реакцијата на менаџерите и акционерите на LSE може да предизвика загриженост во врска со отстапувањето на контролата над бизнисот тесно поврзан со Кина.

Според британските регулативи, берзата на Хонг Конг може да поднесе нова понуда дури за шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП