9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција планира да привлече 75 милиони туристи

Турција планира да привлече 75 милиони туристи

Турција до 2023 година планира да привлече над 75 милиони туристи годишно и да оствари 65 милијарди долари приходи од туризам.

Покрај тоа што работи на подигнување на квалитетот и одржливоста, има намера да постигне значително зголемување на инвестицијата во промоција, повеќе од десет пати отколку минатата година, покажуваат целите на ревидираната туристичка стратегија за 2023 година, која Турција ја објави во 2007 година.

Целите се амбициозни откако минатата година земјата ја посетија околу 40 милиони туристи кои им оставија 29,5 милијарди долари, но на прометот во последниве неколку години значително влијание имаше геополитичката состојба која ги намали и цените и приходите.

Според податоците на Светската туристичка организација (WTO), Турција е на шестото место во светот по бројот на туристи и на 14-то во поглед на приходите од туризам. Земјата во првите седум месеци од оваа година беше домаќин на повеќе од 24,69 милиони странски туристи, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам.

Тоа е раст од 14,1 проценти во однос на истиот период минатата година.

Новата стратегија се заснова на раст на приходите и нови пазари. Планирано е да се зголеми приходот преку раст на трошењето по турист од 65 просечни долари на ден во минатата година на 86 долари во 2023 година.

Најголемата вест е значајното зголемување на буџетот за промоција, за што ќе биде одговорна неодамна формираната Турска агенција за промоција и развој на туризмот. Сумата е веќе оваа година зголемена од 18 милиони долари на 72 милиони долари.

Агенцијата следната година ќе располага со 180 милиони долари, а до 2023 година со дури 220 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП