22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина „намигна“ на трговскиот договор, берзите скокнаа

Кина „намигна“ на трговскиот договор, берзите скокнаа

На Wall Street акциите се зголемија, откако извештаите во медиумите го поттикнаа оптимизмот за претстојните трговски разговори помеѓу Кина и САД.

Индустрискиот индекс Dow Jones порасна за 94 поени или 0,4 проценти, поширокиот индекс S&P 500 порасна за 0,5 проценти, а технолошкиот Nasdaq за 0,7 проценти, објави агенцијата AP.

Со раст од 0,6 проценти, акциите на Apple, исто така придонесоа за добивката.

Кина, како што објавија светските медиуми, наводно сè уште е отворена за некој вид договор, дури и ако реши само некои од трговските прашања, објави агенцијата AP.

И европските берзи денес пораснаа, откако Централната банка на Англија објави дека финансискиот систем на Британија, и во отсуство на договор за трговија и други прашања, е подготвен да се справи со излегувањето на Британија од Европската унија.

Индексот Euro Stoxx 50 порасна за 0,75 проценти, лондонски FTSE 100 за 0,33 проценти, германски DAX за 0,97 проценти, француски CAC 40 за 0,67 проценти, а шпански IBEX 35 за 0,46 проценти, објави њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, јапонскиот индекс Nikei 225 падна за 0,61 проценти, а хонкошки Hang Seng за 0,81 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП