2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ воведува поостри казни за хакерите

ЕУ воведува поостри казни за хакерите

262mala

Хакерите кои ќе извршуваат напади кон државите кои се членки на ЕУ би можеле во иднина да добиваат значително повисоки казни. Ваквата одлука вчера ја донесе законодавната власт на Европската Унија.

Како дел од новите правила, прекршителите ќе добиваат казна од макар две години затвор која може да порасне до пет години затвор, доколку предметот на нивниот напад е од важно инфраструктурно значење, како на пример јавниот превоз, државни институции, термоелектрани и слично.

Новиот закон консолидира и следење на комуникации, неовластен пристап до податоците, како и производство и продажба на алатки кои може да им помогне на овие активности. Европскиот парламент, исто така, сака да се спротивстави на употребата на „botnets“. Оние кои ќе бидат поврзани со создавањето на „botnets“, може да добијат затворска казна во период од три години. Штета која може да биде предизвикана со користење „botnets“, ќе биде на терет на компаниите кои имале корист од тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП