6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle обвинет за договарање на цени

Nestle обвинет за договарање на цени

nestle1

Швајцарскиот прехрамбен гигант „Nestle“ ги намали цените на храната за деца и доенчиња за 20 проценти, откако е започната истрагата против него за наводно договарање на цени со странските компании.

„Wyeth Nutrition“ потврди дека кинеската влада покренала истага, за која се известени и државните медиуми, и вети дека веднаш ќе ги намали цените на некои производи во опсег од 6 до 20 проценти.

Под истрага се и компаниите „Danone“, „Mead Johnson Nutrition“, „Abbott Laboratories“ и „Royal FrieslandCampin“, објавија државните медиуми.

Кина е најголемиот пазар за овие компании, покажуваат податоците од истражувањето. Поради скандалот со контамираните производи за деца кои беа пласирани на кинескиот пазар, домашните производители покренаа бунт против овие компании, а доколку се установи дека тие меѓусебно ги договарале цените на производите кои ги пласираат на овој пазар, тие можат да се соочат со тешки казни.

Владата вети дека остро ќе ги казни сите компании кои ги прекршуваат правилата и прописите за трговијата на локалниот пазар, како и оние кои пласираат производи со сомнителен квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП