
Планот за формирање на централна институција за сите 384 германски штедилници Landesbank и друштва за управување со фондовите DEKA, со што би се создал гигант од 260 милијарди евра, доби нов поттик.


Планот за формирање на централна институција за сите 384 германски штедилници Landesbank и друштва за управување со фондовите DEKA, со што би се создал гигант од 260 милијарди евра, доби нов поттик.
Во вторникот, највисоките претставници на дванаесет регионални друштва на штедилницата DEKA и Landesbank Hessen-Thüringen (Helaba) побараа да се водат дискусии „како би се испитала поблиската соработка и спојување“, објавија германските медиуми.
Оваа одлука следи по иницијативата на претседателот на DSGV, Хелмут Шлеваис, кој ја следеше целта за обликување на DEKA, банката за недвижнини Berlin Hyp и големите Landesbank како LBBW, BayernLB, Nord LB и Helaba во водечката институција за сите штедилници.
Сoоединувањето на две банки со седиште во Франкфурт, DEKA и Helaba би бил првиот чекор. Меѓутоа, не е јасно дали може да се надмине претходниот отпор на планот на Шлеваис.
Sparkassenverband Baden-Württemberg, кој поседува 16,1 процент од Sparkassen fondsgesellschaft DEKA, веќе блокираше неколку обиди за спојување со Helaba.
Постојат две главни причини за тоа: Штедилниците Baden-Württemberga не сакаат да го зајакнат својот конкурент со Landesbank LBBW и не сакаат да го заменат својот удел во прилично профитабилниот DEKA за компанија од банкарски фондови која е изложена на неповолни негативни камати по спојувањето.