29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрданоски: Побрзи комуникации и интернет со 4Г

Орданоски: Побрзи комуникации и интернет со 4Г

ordanovski

Во сите држави каде што се применуваат услуги од четвртата генерација мобилна телефонија  се зголемува употребата на широкопојасниот мобилен интернет, на паметни телефони и таблети, што предизвикува голем пораст на целата индустрија на информатички комуникациски технологии. Се креираат голем број мобилни апликации за секаков вид услуги со што се стимулира развојот на целата индустрија во една земја.

Тоа го истакнува директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски во интервју за МИА, во пресрет на јавното наддавање за доделување одобренија за 4 Г, предвидено за 10 овој месец, а за кои понуди  доставија  трите  оператори во Македонија.

Орданоски очекува наддавањето да заврши успешно и сите три оператори да добијат одобренија, што би важеле од 1 декември годинава.

– Тоа значи дека 2014 година Република Македонија ќе ја дочека како прва земја од нашиот регион со 4Г мрежи, и тоа не една, туку три, нагласува Орданоски.

Според него, таа технологија допрва ќе наоѓа сопствена примена и имплементацијата е предизвик за сите оператори насекаде во светот. Агенцијата смета дека oператорите кои работат во Република Македонија донеле вистинска одлука со тоа што се вклучиле во светските текови за развој на оваа технологија. На тој начин се обезбедува нивното натамошно работење и развој.

–  4Г технологијата овозможува огромни брзини и поголема сигурност и доверливост во споредба со постојните мрежи од третата генерација. Со тоа се овозможува развој на нови инвентивни услуги кои се нудат на брз мобилен широкопојасен интернет. Уште повеќе конкуренцијата што ќе постои на тој пазар ќе овозможи поголема инвентивност, конкурентност и достапност на услугите кои ќе се нудат до корисниците во Република Македонија, наведува Орданоски.

Поголемите брзини и доверливост, укажува, секако ќе имаат големо влијание врз употребата на паметните телефони. Со зголемување на палетата на услуги и производи кои ќе се појават на пазарот се очекува голем пораст и масовност во користењето на овој вид телефони. Конкурентноста на пазарот секако ќе доведе и до намалување на цената на овие уреди и цената на нивното користење, нагласува директорот на АЕК.

Услуги од четвртата генерација на мобилна телефонијаод 4 Г технологијата веќе се воведени во голем број држави од Европската унија: Австрија, Франција, Германија, Хрватска, Белгија, Чешка, Естонија, Финска, Холандија, Шведска и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП