29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците до работа патуваат 225 часа годишно

Американците до работа патуваат 225 часа годишно

Просечениот Американец се повеќе време поминува во својот автомобил на пат кон работа.

Како што објави Washington Post, просечниот пат до работа во САД во 2018 година траел 27,1 минути.

Тоа е за две минути повеќе од десет години порано, што значи дека возачите возат 20 минути подолго секоја недела. Севкупно гледано, просечниот Американец годишно троши 225 часа на пат до работа и назад до дома.

Истражувањата покажуваат дека зголемувањето се должи на зголемениот број на работници кои имаат долги патувања до работа.

Скоро 10 проценти од луѓето патуваат до работа најмалку 60 минути, додека дури милион луѓе мораат да патуваат 90 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП