Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,297.39 -2.41%    BESK 7,275.00 -3%    FERS 74,000.00 -1.33%    GRNT 1,058.24 -3.57%    KMB 7,028.44 -2.75%    KVAS 15,850.00 -1.55%    MPT 71,862.62 -2.6%    RZLV 40.00 0%    STB 1,151.00 -4.46%    TKVS 5,549.00 -0.02%    TNB 17,741.83 -2.48%    UNI 2,200.00 0.02%    ZUMS 1,000.00 100%    

На Глобалниот индекс на конкурентност сме на 82 место, назадување кај работната сила

Време: 12:30

Датум: октомври 9, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија е рангирана на 82-то место од 140 држави во светот според најновиот извештај за Глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум.

– Генерално имаме подобрување за две места, но ако се гледаат поените по одредени области во поголемиот дел тапкаме во место односно остануваме на исто, рече на презентацијата на извештајот Дриљон Исени од Комората на Северозападна Македонија, партнерска организација од државава во глобалната анализа во која се оценува економијата на државата преку 12 столбови со 103 параметри.

Според Исени, државата останува слаба во параметрите за институциите, полошо стои и кај работната сила од аспект на стручното образование, но и кај квалитетот на патиштата, а нема значителни посметувања кај ИКТ индустријата.

-Кај квалитетот на работната сила многу лошо котираме во делот на стручното образование, каде сме на 131-то место, како и во способностите на дипломираните лица. Ова е факт што се гледа при вработување на новиот кадар, кој не ги исполнува потребите на бизнисот. Во наоѓање квалитена работна сила остануваме на 125-то место на светско ниво што е многу ниско рангирање, рече Исени.

Тој дополни дека секој ден бизнисот има се помалку и квалификуван и неквалификуван работен кадар поради што треба да се гледа и на можноста за увоз на работници од странство, каде пак нотираат проблеми поради постапките за дозволи за престој и за работа.

-Со многу држави оваа работа е решена со реципроцитет и ова е и пречка што Европската унија ни ја спомнува во неколку наврати. На светско ниво Албанија е на прво место во оваа област и таму странците може многу лесно да се вработат. Бизнис заедницата сега се соочува со недостиг на работна сила и државата треба многу бргу да реагира со цел да се помогне на бизнисот, рече Исени.

Во делот на институциите, како што наведе, независноста на правосудството останува на ниско ниво и е на 127 место, за едно место подобро од лани, а исто е рангирањето и на способноста на инситуциите да се справат со сложената правна регулатива.

-Кај заштитата на правата од интелектуална сопственост остануваме на 119-то место, кај инфраструктурата имаме уназадување во делот на квалитетот на патиштата во државата, а исто така и кај поврзаноста на аердромите. Во ИКТ индустријата нотирано е назадување во користењето мобилен интерен, вај фај и оптички интернет, каде сме на 102, 82 односно 92 место, рече Исени.

Кај параметрите за макроекономската стабилност, дополни, годинава имаме уназадувања особено за динамиката на задолжувањето, а добро стоиме кај инфлацијата каде го делиме првото место со 88 други држави. Кај финансирањето на микро, малите и средните претпрјатија сме на 115-то место, а во банкарскиот сектор има уназадување споредено со лани, како и кај трошоците и кај времето за отворање бизнис. На 97 место остануваме во рангирањето кај капацитетите за иновативност. – Државата се обидува да инвестира многу особено во делот на иновациите преку Фондот за иновации и технолошки развој, но резултатите се уште не се видливи, наведе Исени.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • На 2. март на полноќ сите оператори во државата ќе прекинат со реемитување на домашните и странски тв канали, освен на јавниот сервис

    На 2. март на полноќ сите оператори во државата ќе прекинат со реемитување на домашните и странски тв канали, освен на јавниот сервис

    Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март…

  • ЕУ ги враќа заменливите батерии на паметните телефони?

    ЕУ ги враќа заменливите батерии на паметните телефони?

    Претходно, имаше многу компании кои создадоа паметни телефони со заменливи батерии. Тоа значи дека во случај батеријата да ослабе и повеќе не држи како што…

  • Хонг Конг – Седум милиони луѓе ќе добијат по 1.280 долари

    Хонг Конг – Седум милиони луѓе ќе добијат по 1.280 долари

    Хонг Конг на своите граѓани ќе им подели по 1.280 долари за да ги намали последиците од економската криза. Азискиот финансиски центар соопшти дека мерката…

  • Негативен резултатот на сомнителната пациентка со корона

    Негативен резултатот на сомнителната пациентка со корона

    Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани…

  • Дигитализирани услугите на Агенцијата за вработување

    Дигитализирани услугите на Агенцијата за вработување

    Петте најбарани документи од Агенцијата за вработување од денеска по електронски пат им се достапни на граѓаните. Единствено што треба да направат е да се…

  • Кина се надева дека ќе воспостави контрола на епидемијата до крајот на април

    Кина се надева дека ќе воспостави контрола на епидемијата до крајот на април

    Експерт од Националната комисија за здравство на Кина изјави дека земјата ќе воспостави основна контрола на епидемијата на коронавирусот до крајот на април, бидејќи вчера…

  • Царината наплатила 1,4 милијарди евра

    Царината наплатила 1,4 милијарди евра

    Царинската Управа во 2018 година наплатила вкупно 1,4 милијарди евра приход по основ на сите давачки од компаниите и граѓаните. Годишниот извештај за работа на…

  • Паднати покриви, оштетени фасади и возила синоќа во Скопје (фото)

    Паднати покриви, оштетени фасади и возила синоќа во Скопје (фото)

    Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје со…

  • Најбогатите Македонци се побогати – која е Скопјанката која заработи 17,2 милиони евра?!

    Најбогатите Македонци се побогати – која е Скопјанката која заработи 17,2 милиони евра?!

    Најбогатите Македонци стануваат се побогати. Скопјанката која во 2018 година заработила фантастични 17,2 милиони евра ги претрка нејзините колеги од претходните години. Така ако во…

  • Во синоќешното невреме во Скопје ветерот со над 100 километри на час

    Во синоќешното невреме во Скопје ветерот со над 100 километри на час

    Во Скопје ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи. Силниот ветер откорна дрвја,…