19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали на своето тело му правите услуга ако наместо шекер користите мед?...

Дали на своето тело му правите услуга ако наместо шекер користите мед? Одговорот ќе ве изненади

Повеќето од нас мислат дека на овој начин ќе избегнат дебелеење.

Шекерот, денес се смета за една од најозлогласената намирница и најголемиот непријател на нашата витка линија, како и здравјето во целина. Повеќето нутриционисти ќе советуваат дека, ако веќе мора да го засладиме своето кафе, подобро да користиме мед или јаворов сируп.

Покрај тоа, овие две намирици, наводно, подобро се распаѓаат во нашето тело и со самото тоа, не го стимулираат зголеменото лачење на инсулин, што е многу важно за здравјето. Зголеменото производство на овој хормон доведува до појава на инсулинска резистенција, дебелина, зголемен ризик од дијабетес итн.

Прашањето е, дали навистина е така? Дали на своето тело му правиме услуга кога шекерот го заменуваме со мед?

Американски експерти велат дека оваа теорија е целосно неоснована. Иако здравата логика ни кажува дека наместо шекер, попаметно е да избереме мед и јаворов сируп кога сакаме да се засладиме, науката сепак вели поинаку.

– Единствено што на овој начин можеме во организмот да направиме е да внесеме помала доза на антиоксиданс. Но, што се однесува до „распаѓање“, нашиот организам на речиси ист начин го метаболизира јаворовиот сируп, медот и другите шекери, вели американската нутриционистка Ребека Клајд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП