9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН се соочуваат со „најголемата финансиска криза“ во последните десет години

ООН се соочуваат со „најголемата финансиска криза“ во последните десет години

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес предупредува дека светската организација се соочува со „најголемата финансиска криза“ во последните десет години.

Шеесет и четири од 193-те членки не успеаа да ги исплатат своите годишни обврски, вклучително и САД.

Освен Америка своите обврски не ги исполнија ни Бразил, Иран, Израел, Мексико, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Уругвај. Поради тоа, првиот човек на светската организација им пиша на сите членови.

„Овој месец ќе имаме најголем дефицит на деценијата. Ризикуваме да завршиме со мировните операции, да ги испразниме резервите и во ноември да влеземе без доволно пари за покривање на платните списоци“, порача Гутерес.

Земјите-членки на Обединетите нации до крајот на септември платија само 70 проценти од своите обврски.

Соединетите држави за оваа година должат 674 милиони долари, а од претходните 381 милиони. За операциите кои се завршени, Вашингтон не уплати 255 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП