26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦариниците останале во шок кога му го виделе пасошот: Овој индиец е...

Цариниците останале во шок кога му го виделе пасошот: Овој индиец е стар 123 години и има само 3 совети за долговечност

Свами Сивинанда се појавил на аеродромот во Калкута во Индија и го покажал пасошот со што ја шокирал управувата на аеродромот затоа што во документот е наведено дека овој индиец е роден на 8 август 1896 година и сега има 123 години.

Роден во Бехали, Индија, Сивананда бил одгледан од индиски духовен водач. Тој тврди дека тајната на неговата длабока возраст е всушност практикување јога со години, целибат и консумирање храна без зачини.

Неговиот пасош ја заинтригирал управувата на аеродромот кога се упатил кон Велика Британија од Индија. Тие ја провериле исправноста на пасошот и добиле потврда дека е целосно функционален, но потоа заклучиле дека е многу можно датумот на раѓање на овој човек да не бил правилно внесен во неговите документи. Сивананда им објаснил како неговите родители го напуштиле веднаш по раѓањето и дека неговите податоци во матични книги биле запишани накнадно.

Сепак, ако неговите информации се точни – тоа ќе го направи најстарата личност на светот. Досега титулата ја има Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година кога имала 122 години и 164 дена.

Гинисовата книга на светски рекорди ја зема во предвид оваа информација за преземање на титулата за најстара личност во светот, но тие рекоа дека нема да биде лесно да се утврди неговата вистинска возраст.

“Дисциплината е многу важна работа во животот на секоја личност. Бидејќи јас се родив во сиромаштија, никогаш не барав премногу од мојот живот. Денес, луѓето се несреќни, нездрави и неискрени, што многу ме боли”, рече индиецот, додавајќи дека неговата голема желба е луѓето да станат среќни и мирољубиви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП