19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Европа и се потребни нови мерки за регулирање на криптовалутите

На Европа и се потребни нови мерки за регулирање на криптовалутите

Кандидатот за иден европски комесар за финансии, Валдис Домбровскис, вети дека ќе предложи нови мерки за регулирање на криптовалутите како што е „либра“ на социјалната мрежа Facebook.

„На Европа и е потребен заеднички пристап до криптовалутите како „либра“. По ова прашање, имаме намера да предложиме нов предлог закон“, изјави Домбровскис за време на обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент.

Домбровскис беше на функцијата Европски комесар за финансии во последните пет години.

Според неговите зборови, при регулирање на виртуелните валути, ЕУ треба да го реши проблемот со „нелојалната конкуренција, безбедноста на интернет и заканите за финансиската стабилност“.

Facebook во јуни ги објави плановите за лансирање нова валута бидејќи го проширува бизнисот со електронска трговија, но „либра“ се најде на удар од критики од регулаторите од целиот свет, кои стравуваат дека би можело да се дојде до дестабилизација на глобалниот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП