Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

Даночен календар и сузбивање на сивата економија, бараат бизнисмените

Време: 12:39

Датум: октомври 8, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Воведување „даночен каландар“ кој за бизнисот ќе обезбеди попредвилива деловна клима, како и намалување на сивата економија, отстранување на недоследностите од законите за извршување и за холдинг друштва, побараа бизнисмени од Стопанската комора на Македонија денеска на средба со министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период, за Законот за холдинг друштва, за член 218 од Законот за извршување, за признанените расходи, имаме иницијатива којашто се однесува на плаќање на ДДВ и негово враќање при влез на суровините. Ќе разговараме за овие прашања коишто биле континуирано третирани во изминатиот период како и што може да се направи затоа што тоа ќе донесе бенефит за целата економија, ќе дојдат нови инвеститор,и а и домашните ќе се охрабрат да инвестираат, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

За бизност голем проблем е член 218 од Законот за извршување, којшто, истакна Азески, фаворизира државата односно локалните самоуправио да го утврдат минимумот над кој не можат да бидат извршени побарувања на фирмите. Неприфатливо е и одложувањето за три години на Законот за холдинг, а со министерката го отвораат и прашањето за воведување фискален совет што треба да одржи баланс во јавните финансии.

Според Ангеловска, има добра волја за прифаќање на даночниот календар, иницијатива којашто ќе значи предвидлива околина и стабилност за бизнисот и со што ќе може однапред да ги планира своите активности без да се прават нагли промени коишто ќе влијаат на пример во нивното планирање за следната година. – Тоа значи барем шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за промените за да може да ги испланира за следниот период, рече Ангеловска.

Таа најави дека Министерството за финансии следната недела ќе воведе он лајн можност за поднесување предлог иницијативи од стопанските комори и целиот приватниот сектор во насока на намалување на административните процедури и забрзување на процесите.

– Иницијатива само како желба не е доволна за да можеме детално да ја разгледаме и да делуваме. Зборуваме за пропишан формулар за тоа кој ја поднел иницијативата, на кои сектори ќе делува, која е компаративната анализа о како се адресира во други земји, што ќе значи за бизнисот и од фискален аспект. Сите работи ќе бидат преточени во он лајн форма затоа што сметам дека имаме огромен неискористен потенцијал во технологиите за да ги намалиме административните процедури и да функционираме побрзо, изјави Ангеловска.

Во приотетите на Министерството за финансии, како што потенцираше, ќе биде и намалување на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Мал дел од нив, укажа, беше апликацијата „Мој ДДВ“ и веќе се работи на негово унапредување заедно со Управата за јавни приходи.

– Кога зборуваме за сива економија треба да знаеме дека и граѓаните и бизнисот треба да почувствуваат дека функционираат во праведен систем каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Не може да очекуваме кога ќе се зголемат даноци или ќе се воведе што било граѓаните да го дочекаат тоа со раширени раце ако гледаат дека некој друг не ги плаќа давачките. Фокусот тука ќе биде да се внесат во системот оние коишто се во сивата економија, често се разговара дека е од 20 до 40 проценти, изјави Ангеловска, посочувајќи дека сивата економија не е само на на пазарот на труд туку и во електронска трговија, нерегистрираната дејност….

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради…

  • Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска…

  • Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Британскиот министер задолжен за излегување на Велика Британија од Европската унија, Стивен Баркли изјави денеска дека не се согласува со оценката на гувернерот на Банката…

  • Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би…

  • Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата,…

  • Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура…

  • ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    Европската комисија објави денеска дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на тарифите на САД кои се воведени поради субвенционирање на Airbus. „Жалиме за одлуката…

  • Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Во Словенија од денес лимитот за еднократни плаќања со бесконтактните картички Maestro, Mastercard i Visa се зголемува од 15 на 25 евра. POS терминалот на продажно место…

  • Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10…

  • Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Премиерот на Италија, Џузепе Конте вети „супер бонус“ на секој кој ќе се префрли од готовина на плаќање со картички. Тоа е дел од напорите…