9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит без договор ќе доведе до рекордни задолжувања

Брегзит без договор ќе доведе до рекордни задолжувања

Британскиот институт за фискални студии (IFS) предупреди денес дека дури и „релативно безопасен“ излез на Велика Британија од ЕУ може да доведе до пораст на долговите на највисоко ниво од шеесетите години на минатиот век.

Според истражувањето на IFS, се истакнува дека задолжувањето најверојатно ќе порасне за 100 милијарди фунти, а вкупниот долг на 90 проценти од националните приходи.

„Владата во моментов „плута“ без ефикасно фискално сидро. Поради огромниот степен на неизвесност и ризик со кој се соочува економијата и јавните финансии, администрацијата не би требало да понуди никакви даночни олеснувања во кој било можен предлог буџет“, изјави директорот на IFS, Пол Џонсон, објави BBC.

Тој верува дека во случајот Брегзит без договор со ЕУ, треба да се спроведат внимателно насочени и привремени намалувања на даноците, и зголемувања на трошоците, каде што би можело на ефективен начин да ја поддржи економијата.

IFS смета дека дури и пред проценките на потенцијалните трошоци на Брегзит без договор, Владата ќе ги прекрши сопствените буџетски регулативи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП