4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБолести кои најчесто ги „заработуваме“ на работа

Болести кои најчесто ги „заработуваме“ на работа

bo2

На работното место е тешко да избегнете болест ако, колегата позади вас кашла, а колешката до вас кива. А тоа не е се што може да ни се случи на работа, порано или подоцна.

За жал, повеќето од нас мораат да го поминуваат времето во затворени простории додека се на работа.

Работното опкружување, на различни начини може да не разболи:

Болка во грбот

Кој од нас сеуште седи правилно во канцеларија? Скоро никој. Столовите се неудобни, прениски, превисоки, а и ние самите се кривиме во нив. За да го избегнете тоа, обидете се да се држите под прав агол – со рацете на маса и нозете на под.

Рутината убива

Одите на работа, се враќате дома. Утре повторно на работа и така до недоглед. Доколку не ја менувате дневната рутина, постојат добри шанси да паднете во депресија. Раздвижете се, тоа е едно од решенијата, а доколку работите излезат од контрола поразговарајте со некој пријател или дури и со стручно лице.

Бактериите се секаде околу нас

Бактериите живеат со часови на тврдите подлоги. Тоа значи дека болниот колега кој ќе ја допре рачката од фрижидерот или работел пред вас на компјутерот, позади себе остава бактерии. Колку и да ги миеме рацете, тешко дека нема да се допреме за лице или да јадеме откако ќе допреме некоја „заразена“ површина. Одвоите малку време за чистење на тастатурата и ризичните површини.

Лош ден

Научно е докажано дека, на квалитетот на нашиот сон, и тоа како влијае количината на времето поминато пред монитор. Обидете се пред спиење да не седите премногу на компјутер или, уште полошо, да проверувате некој бизнис меил.

Проблеми со видот

Седењето пред компјутер цел ден ги оптоварува очите. Многу често може да се појави заматен вид или, поради тоа што не трепкаме, очите да ни се „исушат“. Држете се до правилото 20/6/20, а тоа значи, на секои 20 минути гледајте во далечина од 6 метри 20 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП