27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина додаде уште 100 тони резерви на злато

Кина додаде уште 100 тони резерви на злато

Кина ги зголеми златните резерви за повеќе од 100 тони откако во декември минатата година ги обнови набавките на тој скапоцен метал, пишува њујоршката агенција Bloomberg.

Народната банка на Кина и минатиот месец купи поголеми количини на злато, со што се зголемија резервите на злато на 62,64 милиони унци во септември од 62,45 милиони во август, покажуваат податоците објавени на официјалната страна на банката.

Ако се гледа во тони, последниот прилив е еднаков на количината од 5,9 тони, кој уследи по зголемувањето на резервите за 99,8 тони во текот на претходните осум месеци.

Цената на златото во септември го достигна највисокото ниво во повеќе од шест години, бидејќи побавниот економски раст, трговските војни на САД и намалените каматни стапки ја поттикнаа побарувачката на инвеститорите.

Зголемено купување злато на централните банки, исто така, даде поттик за цените, бидејќи централните банки на Кина и Русија „акумулираа“ значителни количини на злато во обид да ги диверзифицираат своите резерви, соопшти њујоршката агенција.

Цената на златото на самото место на пазарот денес порасна за 0,2 проценти на 1,510,27 долари за унца, а од почетокот на годината се зголеми за 18 проценти.

Банките Goldman Sachs и BNP Paribas очекуваат цената на тој скапоцен метал да достигне дури 1.600 долари за унца во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП