29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТоп 15 занимања кои ќе бидат барани кога ќе дојде следната криза

Топ 15 занимања кои ќе бидат барани кога ќе дојде следната криза

Новата економска криза е тука, најавуваат бројни економски аналитичари, а тоа е закана за работниците ширум светот.

За време на „големата рецесија“, само во САД околу 2,6 милиони луѓе добиjа отказ, што е реална последица на значителниот пад на економската активност, која се одрази во намалување на потрошувачката и на БДП.

Економистот Jулија Полак анализираше кои се сигурни работни места во случај на следна голема рецесија, а постои и тенденција дека побарувачката за работници во тие сектори ќе се зголеми. Имено, додека кризата најмногу ги погодува финансискиот и банкарскиот сектор како и автомобилската и градежната индустрија, некои индустрии и покрај рецесијата не бележат помал обем на работни места, туку дури имаат потреба за нови вработувања.

Според статистичките податоци, ова се работни места кои за време на кризата ќе доживеат пораст на бројот на вработени:

– Физиотерапевти и специјалисти за масажа – раст од 30,8%
– Медицински техничари – раст од 21,2%
– Психијатри и психолози – раст од 15%
– Судски службеници – раст од 13%
– Логистичари – раст од 16%
– Фармацевти – раст од 5,9%
– Полицајци – раст од 3%
– Спортски тренери – до 11,4%
– Болничари во брза помош – 10,2% зголемување
– Готвачи – раст од 2,5%
– Негуватели – раст од 6%
– Менаџери аналитичари – раст од 7,3%
– Лица кои се грижат за стари луѓе – 15,2 5 раст
– Медицински сестри – раст од 7,6%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП