19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKRKA: раст на продажбата од 6%, дивиденда 1,61 евра

KRKA: раст на продажбата од 6%, дивиденда 1,61 евра

krka1

„KRKA“ во првите шест месеци од оваа година ја зголеми продажбата за 6 проценти, на 597,1 милиони евра. Најголема продажба беше остварена во Источна Европа, каде што е остварен и најголемиот раст. Во Русија продажбата е зголемена за 30 проценти.

„Конкуренцијата е се поостра. Продолжува бранот на превземања во фармацевтскиот сектор, а особено тоа се однесува на сегментот генетски лекови“, изјави првиот човек на „KRKA Јоже Колариќ.

За оваа година „KRKA“ планира раст на продажбата од 6 проценти, на 1,2 милијарди евра. Планираната добивка би требалo да биде на нивото од минатата година. Зa инвестиции се предвидени 182 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП