26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата остро паднаа втора недела по ред, повеќе од 5...

Цените на нафтата остро паднаа втора недела по ред, повеќе од 5 проценти

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела потонаа повеќе од 5 проценти, што е нивен најголем неделен пад од јули, а последица е забавување на растот на најголемите светски економии и обновеното производство во Саудиска Арабија.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 5,7 проценти, на 58,37 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 5,5 проценти, на 52,81 долари.

Најголемиот неделен пад на цените од јули е последица на обновеното производство во Саудиска Арабија по нападот на дронови врз две постројки на 14 септември.

По нападот, производството се намали за повеќе од 5 милиони барели на ден или 5 проценти од вкупното производство во светот, но минатата недела официјални лица на Саудиска Арабија објавија дека производството е целосно обновено на 11,3 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП