Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09.-30.09.2019 година вкупниот промет изнесува 731.880.458 денари и е зголемен за 117,71 отсто во однос на август.
Класичното тргување изнесува 458.036.398 денари и е зголемено во однос на август за 52,79 отсто.
Блок трансакциите во септември изнесувале 181.180.985 денари.
Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.885.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември беа на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за септември 2019 година можете да го погледнете тука.