3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоради јаболката, ова овошје е во сенка, а сега му започнува сезоната:...

Поради јаболката, ова овошје е во сенка, а сега му започнува сезоната: Зошто оваа зима би требало да јадете калинка?

Сезоната на калинки е пред нас, а љубителите на најстарото овошје во светот се подготвуваат да уживаат во него.

Многумина веќе знаат дека калинката е полна со антиоксиданти и витамин Ц, но постојат многу повеќе здравствени придобивки за кои малку знаеме.

Како да знаете дека калинката е зрела?

При одбирање на калинки, изберете ја најцрвената или кафеавата која е прилично тешка. Ова овошје кога се чува во фрижидер, може да трае од три до четири недели. Меѓутоа, еднаш кога ќе се отвори може да трае само два до три дена. Можете да го замрзнете и за следната година.

Кој е најдобриот начин за отворање на калинки?

Прво неопходно е да се пробие тешката обвивка како би се дошло до семето полно со сок. Најдобар начин да ја отворите е да ја потопите во вода како би спречиле прскање на сокот.

Како да јадете калинка?

Покрај тоа што се грицка можете да направите салата од неа, измешајте ја со гвакамоле, направете шејк, но е и одлична за сангрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП