29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКористете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на...

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како неопходна платформа за едукација на жените и подигнување на свеста за потребата од редовен (само)преглед во борбата против ракот на дојка, бидејќи превентивата е најважниот лек

Македонски Телеком како технолошки лидер се вклучува во кампањата #ПаузаЗаПреглед за подигнување на свеста за ракот на дојка. За потребите на кампањата, Македонски Телеком како технолошки партнер и општествено одговорна компанија, подготви информативно-едукативен микросајт каде што на едноставен и креативен начин се прикажани трите најважни чекори за рано откривање на болеста кои треба да ги знае секоја жена.

Микросајтот www.pauzazapregled.mk веќе е во функција и може да се пристапи единствено преку мобилен телефон, а директниот линк корисниците на Македонски Телеком ќе го добијат преку SMS порака.

Сајтот како дел од кампањата #ПаузаЗаПреглед ќе биде активен во текот на цел месец октомври, со што посетителите имаат можност на уникатен и практичен начин да се информираат и уште поважно да направат самопреглед на дојка, едноставно и брзо. Идејата произлезе од фактот дека во текот на еден ден корисниците го допираат мобилниот телефон повеќе од 3.000 пати, а за самопроверка потребни се само три прецизни допири.

Вклучувањето во кампањата #ПаузаЗаПреглед и креирањето на микросајтот се потврда дека современата технологија покрај бројните комуникациски придобивки, може и треба да се искористи за општо добро. Во случајот, технологијата дава пристап до информации и знаење коишто можат да спасат живот, како и потсетување за жените да одвојат време за себе, да се едуцираат, заштитат и водат повеќе грижа за сопственото здравје.

Покрај изработката на микросајтот, Македонски Телеком го поддржа и маршот „Напред розoво-чекори против ракот на дојка“ којшто традиционално го организира здружението „Борка“. Со ова, компанијата дополнително е посветена за подигање на свеста за превенција и рано откривање на ракот на дојка.

Пристапете до сајтот и поддржете ја кампањата #ПаузаЗаПреглед иницирана од AVON, а технолошки поддржана од Македонски Телеком, со цел да ја користиме технологијата за добро!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП