2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел го отфрли барањето на Британија да преговара за Брегзит овој викенд

Брисел го отфрли барањето на Британија да преговара за Брегзит овој викенд

Европската унија го одби барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит овој викенд, јавуваат британските медиуми.

Европската комисија објави дека новите предлози на британскиот премиер Борис Џонсон за Брегзит не даваат основа за „финализирање на договорот за излез“.

Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, изјави дека овој викенд нема да има преговори за планот на Џонсон да го замени back-stop системот за Ирска.

Таа додаде дека на Британија ќе и се даде уште една можност во понеделник, 7 октомври детално да ги презентира своите предлози.

– Ако имавме разговори овој викенд, тоа би значело дека станува збор за вистински преговори. Ние сè уште сме далеку од тоа“, изјави дипломат на ЕУ, а објави весникот Times.

Џонсон повтори дека Лондон ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври со или без договор. Тој повеќе пати изјави дека нема да бара одложување на Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП