26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на продажбата на недвижнини: Британците чекаат да заврши Брегзит

Пад на продажбата на недвижнини: Британците чекаат да заврши Брегзит

Каде исчезнаа купувачите на недвижнини? Тоа е прашање кое се повторува на продавачите на луксузен имот оваа година, со оглед на падот на продажбата.

Продажбата на недвижнините стагнира, а е уништена од политичката и економска неизвесност низ целиот свет.

Потенцијалните купувачи во Велика Британија чекаат да заврши Брегзит, додека продавачите во Њујорк мора да ги намамат неодлучните купувачи и со попуст од 10 проценти.

Така ситуацијата ја гледаат аналитичарите и агентите за недвижнини.

„Виновници за падот се политичките и економските сили“, вели Џонатан Милер, извршен директор на њујоршката фирма за проценка на продажба на недвижнини Милер Самуел, објави Mansion Global.

Што се однесува до САД, според неговите проценки, забавувањето на продажбата нема да биде толку големо како за време на Големата рецесија, туку „мало ресетирање“ за пазарите на недвижности низ целата земја.

„Тоа не е црна дупка, тоа е пазар кој работи според своите принципи“, додава Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП