5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон до Google: Нема да се "извлечете"

Макрон до Google: Нема да се “извлечете”

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека американскиот пребарувач Google не може да биде „ослободен“ од законот во Франција и дека компанијата мора да плати авторско право на медиумите како и секоја друга компанија.

Макрон реагираше на неодамнешната одлука на Google за спроведување нови правила со кои нема да се плаќа авторско право на медиумите. Менаџментот на  Google изјави дека наместо да плаќа само ќе пренесува медиумски наслов или линк.

Во Франција на 24 октомври стапува во сила Законот за авторски права во согласност со европските реформи по ова прашање.

,,Мора да се почитува законот” за авторски права, а тоа треба да го плаќаат интернет платформите или бизнисите кои користат медиумски содржини, изјави Макрон, додавајќи дека дури ни големите бизниси не можат да се „извлечат“ од тој закон ако сакаат да работат во Франција.

Францускиот закон е донесен за медиумите да добијат пари од големите пребарувачи како што се Google и Facebook кои ја користат нивната содржина.

Француските власти веруваат дека одлуката на Google да прикаже линк или медиумски наслов не е во духот на законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП