4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтрактивна хрватка дневно продава и до 300 килограми мандарини (видео)

Атрактивна хрватка дневно продава и до 300 килограми мандарини (видео)

Атрактивната Кристина Пенава (20) која дневно продава и до 300 килограми мандарини во Бестовје, близу мостот што го поврзува со Загреб, за кратко време стана вирален хит.

На Фејсбук е објавен настан што го посетуваат над 4.000 лица, а заинтересирани се уште 7.500. Настанот е наречен „Организирана екскурзија со автобус по мандарини кај Кристина“.

Датумот е 5 октомври, а времетраењето на екскурзијата е два дена, до 6 октомври во 15 часот. Дестинацијата е штанд во Бестовје, каде што 20-годишна продавачка е заслужна што ниту еден возач не вози над дозволената граница.

„Јас работам за ОПГ и газдите знаат дека луѓето сакаат да се фотографираат. Тоа ни се допаѓа и се забавуваме“, вели Кристина, чиј бизнис напредува.

Откако хрватскиот сајт „24 часа“ објави текст за неа таа доби скоро 5.000 нови следбеници на „Инстаграм“.

Сите се заинтересирани за тоа која е привлечната Кристина, која им продава витамин Ц во форма на вкусни и, како што вели, природни мандарини на жителите на Загреб и на сите други што се наоѓаат во тој дел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП