20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтан во највисоката станбена зграда во светот чини 63 милиони долари

Стан во највисоката станбена зграда во светот чини 63 милиони долари

Зградата “кула” во Централ Парк во Њујорк, официјално стана највисоката станбена зграда во светот откако достигна конечна висина од 470 метри.

Облакодерот на 57-та улица во Менхетен, таканаречената улица на милијардери, ќе има по завршувањето на изградбата 131 спрат, на кои ќе бидат сместени 179 ултра луксузни станови.

Становите се во продажба од минатата есен по почетна цена од 6,9 милиони долари, додека во моментов најскапата достапна единица е петсобен стан на 112-ти кат по цена од 63 милиони долари.

„Тоа е сега највисоката станбена зграда во светот“, изјави Гари Барнет, директор на градежната компанија Ekstel development, која со компанијата Shanghai Investment работеше на овој проект.

Првите седум спратa на кулата во Централ Парк ќе ги окупира стоковната куќа Nordstrom, а во зградата ќе има и шест ресторани, приватен клуб за сопствениците, спа и фитнес зона.

За потребите на зградата, изграден е и многу брз лифт кој може да помине 100 метри за само десет секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП