5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмалата држава оствари суфицит

Најмалата држава оствари суфицит

vatikan1

Ватикан, најмалата држава во светот, минатата година забележа буџетски суфицит од 2,2 милиони евра, што е подобрување во однос на претходната година.

Претставувајќи го својот годишен финансиски извештај, Светата Столица порача дека подобреното управување со средствата значително му помогнало на Ватикан во закрепнувањето од еден од најголемите дефицити во 2011 година, кој изнесуваше 14,9 милиони евра, пренесува агенцијата Франс Прес.

Падот на донациите од 12 проценти и новиот данок на имот од 2012 година помогнаа во постигнувањето на уште подобри резултати, а најголем дел од трошоците потекнуваат од 2.823 вработени во ватиканската администрација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП