20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе го има најголемиот минималец во светот

Велика Британија ќе го има најголемиот минималец во светот

Од 2015 година, минималната плата во Велика Британија за постари од 25 години е зголемена за речиси четвртина, т.е саатницата изнесува 8,21 фунти (околу 9,2 евра). Во меѓувреме, на 30 септември британскиот министер за финансии, Саид Џавид, објави дека тамошните власти не завршиле со покачувањето на минималецот.

Утврдувајќи ја крајната цел на својот претходник, Филип Хамонд, Џавид вети дека ќе „заврши со ниската плата“ до 2024 година со покачување на минималната плата на две третини од просечната заработка.

Денес тоа би значело стапка од околу девет фунти на час, а Сајид Џавид смета дека за пет години ќе се работи за 10,50 фунти (близу 12 евра). Тој, исто така вети дека ќе се намали и старосната граница и дека ова ќе се однесува и за работници постари од 21 година.

Интересно е што минималната плата во Велика Британија расте побрзо од другите развиени земји, поради што се искачи на меѓународната скала за минимална плата и наскоро би можела да заврши и на самиот врв, објави Economist.

На табелата која овој весник ја објави, највисок минималец во 2018 година имаше Франција, повеќе од 60 проценти од просечната плата, а потоа следат Австралија и Велика Британија, Канада, Холандија, Германија, Јапонија и Соединетите Американски држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП