5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoJ: Економијата полека се опоравува

BoJ: Економијата полека се опоравува

japo2

Гувернерот на „Bank of Japan – BoJ“ Харухико Курода изјави дека јапонската економија полека тргнува на патот кон закрепнувањето.

Курода, на кварталниот состанок со менаџерите од филијалите на „BoJ“, вети дека банката, додека биде потребно, ќе продолжи со политиката на квантитативно олабавување, со цел да се постигне инфлација од два проценти, пренесува агенцијата Франс Прес.

По стартувањето на монетарните мерки во април, економијата успешно закрепнува, а мерките даваат резултати, бидејќи постојат индикатори кои укажуваат на пораст на инфлацијата, изјави гувернерот.

„Верувам дека сегашната монетарна политика ќе го поддржи позитивниот развој на настаните во реалната економија и на финансискиот пазар и ќе ја подигне стапката на инфлација, со цел да се излезе од дефлацијата која трае речиси 15 години“, изјави Курода.

Гувернерот изјави дека очекува скромно економско закрепнување, благодарение на зајакнатата домашна побарувачка, како последица од ефектот на монетарното олабавување, како и зајакнувањето на економскиот раст во странските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП