26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција го казни Facebook со 280.000 долари

Турција го казни Facebook со 280.000 долари

Турскиот совет за заштита на личните податоци соопшти дека изрекол казна од 1,6 милиони турски лири (280,000 долари) на социјалната мрежа Facebook поради кршење на државните закони за заштита на податоците.

Телото соопшти дека биле компромитирани личните податоци на 280.959 турски корисници, вклучувајќи ги нивните имиња, пол, датуми на раѓање, статус на врска, религија и историја на пребарување.

Во соопштението се вели дека Facebook не преземал „неопходни административни и технички мерки“ и не ги исполнил своите „обврски за заштита на податоците“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП