27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ не ја менува основната каматна стапка

ЕЦБ не ја менува основната каматна стапка

ecb3

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги вчера изјави дека основната каматна стапка за сега ќе остане на историскиот минимум од 0,5 проценти.

„Монетарната политика ќе биде флексибилна онолку долго колку што е потребно“, изјави Драги на конференцијата за новинари.

Одлуката на ЕЦБ да не ја намалува дополнително основната каматна стапка е донесена во време на голема политичка криза во Португалија, чија влада ја напуштија министрите за надворешни работи и за финансии.

Каматата на португалските хартии од вредност вчера се зголеми на осум проценти, додека премиерот Пасос Коељо се обидува да ја стабилизира владеачката коалиција и да го избегне падот на владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП