ЕКОНОМИЈА

Делегација од Меѓународната унија за патен транспорт во Македонија

transport

Умберто де Прето, новиот генерален секретар на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ), со седиште во Женева, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Тој ќе пристигне во Македонија по покана на Стопанската интересна заедница за патен транспорт МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ-АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.

Во рамки на посетата предвидено е Де Прето да се сретне со управителот на „Македонија сообраќај – АМЕРИТ“, Златко Кочовски, како и со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски