3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовата директорка на ММФ: Ќе го поправам покривот пред да удри невремето

Новата директорка на ММФ: Ќе го поправам покривот пред да удри невремето

Владите мора да ги зголемат јавните инвестиции или да спроведат структурни промени за поттик на растот пред економските услови дополнително да ослабнат.

Тоа го порача новата генерална директорка на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), Кристалина Георгиева.

“Глобалната економија продолжува да разочарува. Непредвидливоста на трговските спорови, нестабилноста на движењата на цените на капиталот, Брегзит, конфликтите и природните непогоди, може да предизвикаат големи економски нарушувања”, оцени Георгиева во интервјуто за Wall Street Journal.

Kако примери на опасна нестабилност кои го следат светот ги наведе неодамнешниот напад врз саудиските нафтени постројки и скокот на цената на нафтата кој настапи потоа.

Зборувајќи за својата претходничка на позицијата директор на ММФ, Георгиева изјави дека Кристин Лагард во време “кога сонцето сјае, обично би рекла дека е време да го поправиме покривот”.

„Јас доаѓам во време кога има облаци и повремен дожд и мојата порака е дека веќе не постои можност за одложување на поправката на покривот“, порача Георгиева, која оваа недела зазеде водечка позиција во таа меѓународна институција.

Додаде и дека под нејзино раководство ММФ повеќе ќе се фокусира на прашања за нееднаквоста, корупција и клима, како и на ефектите од брзите технолошки промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП